Раул го избра и својот најблизок соработник за во стручниот штаб на ПСЖ

raul

Додека Раул Гонзалес во моментов е концентриран на подготовките на македонската ракометна репрезентација за ЕП во Хрватска, француските медиуми го открија името на тренерот кој најверојатно ќе му биде „десна рака“ во неговиот иден клуб.

Шпанскиот стручњак потврди дека ова му е последна сезона на клупата на Вардар, по што се сели во редовите на францускиот првак ПСЖ, а медиумите открија дека најсериозен кандидат за прв асистент на „Ел Команданте“ е неговиот сонародник и добар пријател, Јота Гонзалес.

Jota-Gonzalez

Стручњаците со исто презиме се познаваат одамна и не го кријат големото пријателство, а Јота Гонзалес има отворена понуда да му се придружи на Раул во новиот голем предизвик. Јота е тренер на шпанскиот прволигаш Ла Риоха, а во својата изјава за медиумите вели дека се уште не ја донел конечната одлука, но јасно е дека сака да соработува со човекот кој му ја донесе првата европската титула на македонскиот шампион Вардар.

Доколку се реализираат најавите, тандемот Гонзалес-Гонзалес ќе ги наследи актуелните предводници на ПСЖ, односно Нока Сердарушиќ и Штафан Олсон.

Facebook Коментари