Раул: Денеска ќе уживаме, а утре ќе заборавиме на ова

Фото: Филип Вирановски / РФМФото: Филип Вирановски / РФМ

Македонија значително ја подобри играта во одбраната во второто полувреме и со таквиот пристап успеа да го скрши отпорот на Црна Гора, победа со која нашата репрезентација обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство.

Со освоени четири бода по два одиграни меча, македонските репрезентативци и целокупната јавност во нашата земја треба да биде и повеќе од задоволна, но наспроти еуфоријата, селекторот Раул Гонзалес по крајот на мечот потенцираше дека негова главна преокупација во текот на утрешниот ден ќе биде како да се одигра против Германија.

Како голем професионалец, Раул не размислува за тоа што ќе се случува во Вараждин во главната фаза, туку на мечот против Германија по кој можеме да бидеме во уште поповолна позиција во втората рунда.

– Кога победуваме, победуваме сите. Кога губиме, губиме сите. Сите сме заслужни за ова, не треба да се бараат поединци. Ако игравме како во првото полувреме, немаше да се радуваме на крајот. Горд сум што ја променивме ситуацијата и што освоивме четири бода. Денеска ќе уживаме, а утре ќе заборавиме се. Ќе размислуваме на Германија, тоа е многу силен тим, со феноменални играчи. Сакам прво да анализирам, а потоа ќе зборуваме за детали, – порача Гонзалес во микс-зоната.

Facebook Коментари