Поврзете се со нас

Англија

Расте тензијата меѓу Гвардиола и Артета: Следниот пат нека биде појасен

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола и Микел Артета на вчерашните прес-конференции нагласија дека нивниот личен однос не се менува поради дерби провокациите и испадите кои ги видовме на „Итихад“, но од изјавите кои ги дадоа двајцата, слободно може да се каже дека расте тензијата на спортски план.

Иако двајцата тврдат дека остануваат пријатели и го двојат личниот од професионалниот живот, Микел и Пеп не пропуштија да си разменат пораки за последните случувања во двата клуба, со тоа што Гвардиола побара од својот ученик во иднина да биде појасен кога се изјаснува во јавноста.

– Бев во Манчестер Сити и минав во тој клуб четири години. Ги имам сите потребни информации за тоа што се случува во клубот. Знам се што се случува таму, верувајте ми на зборовите, – изјави Артета, јасно алудирајќи на 115-те прекршоци за кои Сити е на суд и за кои може да заработи голема казна.

Оваа изјава на Артета му беше пренесена на Гвардиола за време на соочувањето кое го имаше со новинарите, па менаџерот на Сити не пропушти да возврати во свој стил.

– Следниот пат Микел треба да биде појасен што сака да каже. Знаеме добро што се случи во заедничките четири години. Најверојатно зборува за 115-те прекршоци. Бидејќи имаме навистина добар однос, го молам следниот пат подобро да ги изнесува деталите за кои зборува, – изјави Гвардиола, кој имаше одговор и за Габриел.

– Тој даде перфектен одговор по натпреварот. Порача дека во војна се провоцира и се турка противникот. Сакаат војна, тогаш ќе ја добијат, – заврши Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни