Поврзете се со нас

АТП

Расте бројот на заразени, и тренерот на Ѓоковиќ на листата на позитивни од Ковид-19

Објавено

на

Тенискиот турнир „Адрија Тур“ од спектакл како што стојат работите ќе се претвори во вистинско жариште на коронавирусот.

Откако беше потврдено дека Григор Димитров е позитивен на опасниот вирус бројни учесници на турнирот беа веданш тестирани и ставени во самоизолација.

На тестирањето во Задар позитивни излегоа тројца од 19 тестирани учесници на „Адрија Тур“. Меѓу позитивните е и најдобриот хрватски тенисер Борна Чориќ и уште двајца други тренери.

Позитивен е и кондициониот тренер на организаторот на турнирот и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

Марко Паники заедно со тренерот на Димитров, Кристијан Грот и Борна Чориќ се првите позитивни кои произлегоа од скрининг тестирањето.

Новак Ѓоковиќ одбил да се тестира во Задар и наместо тоа веднаш се упатил за Белград каде ќе ги контактира институциите за веднаш да му биде направено тестирање.

Инаку, меѓу тестираните се и Ѓорѓе Ѓоковиќ, Горан Ѓоковиќ, Милјан Амановиќ и Горан Иванишевиќ кои се негативни на Ковид-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни