Поврзете се со нас

Европски првенства

Распоред: Ова се термините за четвртфиналните борби на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Турција со победата над Австрија ја затвори осминафиналната рунда на Европското првенство или поточно ги комплетираше сите парови за четвртфиналето на 17. шампионат на најдобрите селекции на стариот континент.

Турците кои се во оваа фаза по пауза од 16 години за противник ќе ја имаат Холандија и тоа на средбата закажана за 6 јули од 21 часот во Берлин.

Истиот тој ден само во терминот 18:00 часот силите ќе ги одмерат Англија и Швајцарија во Дизелдорф.

Ден претходно имаме две мега битки Германија-Шпанија од 18:00 во Штутгарт, додека во вечершниот натпревар во Хамбург селекцијата на Португалија ќе се соочи со Франција.

Полуфиналињата се закажани за 9 и 10 јули, големото финале пак за 14 во Берлин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни