Поврзете се со нас

Европски купови

Расположениот Вајли промаши само еднаш, Будуќност ја разби Цедевита Олимпија (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Будуќност за кој настапува македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли и одржа вистинска лекција на Цедевита Олимпија во вечерашниот меч од 5. коло во Еврокупот.

Домашниот тим доминираше во Морача и оствари триумф од дури 31 разлика (91-60). Црногорскиот претставник одигра фантастично во нападот и одлично во одбраната и заслужено го прослави четвртиот триумф во Б групата.

Плејмејкерот Кобс со 33 поени беше најефисен играч, додека второто место на листата на стрелци го зазема натурализираниот Македонец Вајли со 15 поени со само едно промашување и тоа за три поени (3/3 за два, 3/4 за три), плус додаде 6 скока, 1 асистенција, 1 украдена топка, 1 блокада за севкупно 22 индексни поени.

Добрата форма е одлична вест за македонската селекција која набрзо ја очекуваат две битки од квалификациите за СП против Шпанија и Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни