Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Поповски недоволен за позитивен резултат на Цирих

Објавено

на

Составот на Амичитија Цирих на нашиот Мартин Поповски не успеа да постигне позитивен резултат на гостувањето кај Ендинген во првата швајцарска лига.

Мартин и компанија ја бркаа првата победа во сезоната, но одиграа две сосема различни полувремиња и тоа ги чинеше пораз на оваа средба од 25-23. Првиот дел мина во знакот на гостите со 14-10, ама работите се сменија во продолжението, ракометарите на Ендинген заиграа далеку подобро како во нападот така и во одбраната, па направија пресврт (15-9) и ги освоија двата бода.

Залудна беше квалитетната партија на репрезентативецот Поповски кој имаше само едно промашување, поточно шест голови од седум обиди со што беше трет стрелец на мечот зад Радовановиќ (7) и неговиот соиграч Калеч (7).

Амичитија Цирих во следното коло го пречекува Базел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни