Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Магдевски не можеше сам против Питешти

Објавено

на

Македонскиот плејмејкер, Андреј Магдевски одигра уште една одлична партија во дресот на Плоешти, но немаше соодветна поддршка и неговиот тим загуби убедливо од Питешти со 80-57 во првата романска лига.

Магдевски беше прв стрелец со 17 поени на кои придодаде 7 скокови, но мора да се каже дека имаше и осум загубени наспроти една украдена топка. Зад него беше Милин со 15 кошеви, додека кај домаќините листата на стрелци ја предводеше Торнтон со 18 поени, плус 9 скока и 5 асистенции.

Ова за Плоешти беше четврти пораз во низа со тоа што оваа лоша серија може да продолжи затоа што во следното коло се соочува со Клуж.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни