Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Костески „испука десетка“ против Кремс

Објавено

на

Поранешниот ракометар на Борец, Металург и Татран Прешов, Никола Костески одигра уште една фантастична партија во дресот на Линц во најсилната конкуренција на Австрија.

Десното крило овојпат блескаше против Кремс каде беше прв стрелец на натпреварот со десет постигнати голови (14 обиди), меѓутоа уште еднаш немаше соодветна поддршка и неговиот Линц претрпе пораз од 35-28.

Домашниот состав во двете полувремиња беше подобар ривал, првото го заврши со позитива со 16-13, позитива која дополнително ја зголеми во продолжението.

Костески и компанија по седум кола се на последната позиција на табелата, следен предизвик е пресметката против Алпла Хард на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни