Поврзете се со нас

НБА

Расположениот Јанг ги сруши Клиперс, „џезерите“ се вратија од голем минус за 9. победа во низа (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Кошаркарите на Атланта Хокс славеа над Лос Анџелес Клиперс со 108-99 и на тој начин ја прекинаа победничката низа на клубот од Калифорнија.

Клиперс во Џорџија допатува без најголемите ѕвезди Ленард и Џорџ, а недостапен поради повреда беше и првиот плејмејкер Беверли. Домаќините знаеја ова да го искористат и со добра игра пред се во вториот дел дојдоа до триумф над тимот кој и сезонава е еден од главните кандидати за титулата.

Фантастичен беше Јанг со 38 поени, Хантер додаде 22, додека дабл-дабл пак запиша центарот Капела (13 поени и 18 скокови). Џексон беше прв стрелец кај поразените со 20 поени.

Јута Џез дојде до 9. победа во низа и тоа откако со голем пресврт го доби Њујорк Никс со 108-94. „Џезерите“ губеа со 15 разлика во вториот период, меѓутоа како што одминуваше времето тие беа се подобри и подобри во двата правци на теренот и со тоа ја продолжија извонредната резултатска серија.

О’Нил со 20 и Конли со 19 поени беа најрапсоложени за игра, кај Никс резервистот Риверс беше автор на 25 кошеви.

На третиот дуел Хјустон го надигра Вашингтон со 107-88.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни