Поврзете се со нас

Свет

Расположениот Димитриевски го сруши Адемар Леон

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Дарко Димитриевски со фантастично издание го предводеше Синфин до победа над Адемар Леон (31-29) во заостанатиот натпревар од 25. рунда во АСОБАЛ лигата.

Ова беше исклучително важен триумф за Синфин во борбата за опстанок, средба во која Димитриевски беше водечки стрелец со седум погодици. Освен Македонецот треба да се истакне и голманот Санчез Диаз кој имаше 18 интервенции со што имаше голем удел во шестото сезонско славје.

Сега пред Димитриевски и пријателите е нов тежок и сериозен испит против второпласираната Бидасоа Ирун на која и гостуваат на 18 април.

Синфин со 18 бода е на 12 место на табелата во шпанскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни