Поврзете се со нас

Италија

Расположената Рома продолжи да победува во Серија А (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ASRomaEN

Екипата на Рома дојде до уште една победа во италијанската Серија А,  трета во низа и тоа над Монца која вечерва беше декласирана на „Олимпико“ со 4-0.

„Волчицата“ е во добар ритам и форма, па рутински се справи со тимот кој пак има огромни проблеми и ќе му биде многу тешко да опстане во Калчо шампионатот.

Избраниците на Раниери уште во првиот дел дојдоа до 2-0 благодарение на Салемакерс и Шомуродов, предност која во второто полувреме ја зголемија Анхелињо и Кристанте.

Ова за Рома беше 11. сезонско славје и со вкупно 40 бода е на 9 место на табелата.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни