Поврзете се со нас

Светски првенства

Расплаканиот Зинченко: Цела Украина сака една работа, ние како репрезентација имаме свој сон (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Украина и се враќа на официјалните фудбалски настапи и вечерва ќе се соочи со Шкотка во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Овој предизвик, оваа средба ќе биде доста емотивна за целиот тим со оглед на тоа што се случува во нивната земја и неколку месечната војна со Русија. Еден од лидерите на ова генерација е членот на Манчестер Сити, Олександр Зинченко кој не можеше да ги задржи солзите во најавата за дуелот со Шкотите на „Хемпден Парк“ во Глазгов.

-Секој Украинец сака една работа, да престане оваа војна. Зборував со луѓе од целиот свет, а разговарав и со украински деца кои едноставно не разбираат што се случува. Тие имаат само еден сон: да се прекине војната.

-Кога станува збор за фудбалот, украинскиот тим има свој сон: сакаме да одиме на Светското првенство, да им ги подариме овие неверојатни емоции на луѓето, бидејќи Украинците тоа толку многу го заслужуваат во овој момент.

-Сите разбираат што се случува во Украина деновиве каква е ситуацијата на теренот, и затоа нашата мотивација е дефинитивно 100 проценти да победиме, -порача Зинчеко.

Средбата Шкотка-Украина не игра вечерва од 20:45 часот, победникот ќе се соочи со Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни