Поврзете се со нас

Италија

Распадори: Ова е Наполи под водство на Калцона…

Објавено

на

foto: twitter.com/SerieA

Наполи се избори за победа во дербито со Јувентус (2-1) и тоа со погодокот кој во самата завршница го постигна италијанскиот репрезентативец, Џакомо Распадори.

Драматична завршница на „Диего Армандо Марадона“, Јувентус падна во Неапол (ВИДЕО)

Распадори беше највнимателен, најбрз по нереализираниот пенал на Осимен и од втора ја смести топката во мрежата на „бјанконерите“ за голема радост на сите присутни на „Диего Армандо Марадона“.

-Ова е меч кој го очекувавме и се подготвувавме, бидејќи знаевме дека може да биде фундаментален. Од ден на ден се подобруваме и овде градиме нешто важно. Ова се резултатите од првите 10 дена работа со Мистер Калцона. Среќни сме затоа што дури и кога дојдовме во тешка ситуација, сепак успеавме да одржиме многу високо ниво на концентрација и тоа ни овозможи да дојдеме до резултат, -истакна херојот Распадори.

-Се обидовме ментално да го притиснеме копчето за ресетирање, бидејќи бевме условени од тоа како тече сезоната. Ги следевме неговите концепти и се обидовме да изградиме одредена конзистентност и самодоверба. Тој ни помогна многу, но тоа не значи дека процесот на подобрување е завршен. Сè уште заостануваме на табелата и треба да постигнеме повеќе резултати, -додаде Италијанецот и уште еднаш порача која позиција е најдобра за него.

-Секогаш велев дека претпочитам да бидам на централните позиции, но тоа не значи дека не можам да играм на крилните, особено затоа што можам да „пресечам“ од таму. Тренерот ми рече дека ќе играм во сите напаѓачки улоги и мислам дека можам да го направам тоа, -заклучи офанзивецот.

Наполитанците со 43 бода се на 7. позиција на табелата.

Влаховиќ самокритичен: Морав да ги искористам тие шанси…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни