Германија
Расистички скандал го потресе Мајнц, одговорот на клубот ја воодушеви јавноста (Фото)
Фудбалските клубови обично се загрижени кога нивни долгогодишни фанови се откажуваат од сезонските билети, но има и случаи кога се случува сосема спортивното, како што е оној со Мајнц.
Германскиот бундеслигаш изрази огромно задоволство што еден нивни фан се откажал од сезонскиот билет, откако за тоа самиот ја извести јавноста преку шокантна објава на социјалните мрежи. Споменатиот навивач нагласува дека веќе не се смета за член на клубот, откако за првиот тим на Мајнц измиантиот викенд играле девет црни играчи.
– Веќе неколку месеци наназад, не можам да се идентификувам со мојот клуб. Имам импресија дека гледам Африкански куп, а не германската Бундеслига. Знам какви коментари ќе дојдат после ова. Не сум расист, но ова е премногу, – гласи шокантната порака ја фанот, која денеска ја сподели и Мајнц.
Клубот нагласи дека е посебно радосен што еден ваков човек повеќе не е дел од нивната навивачка база, а ваквиот потег на Мајнц наиде на огромна поддршка во јавноста.
– Расизмот се раѓа кога мислењата на еден расист се шират. Да, во право си, не можеш да се идентификуваш со нашиот клуб. За нас, бојата на кожата нема никаква улога во оваа убава игра, – гласи пораката на Мајнц.
No Place for Racism at Mainz 05https://t.co/cBcMmEflf9#UpTheMainz pic.twitter.com/TwclJLCL21
— Mainz 05 English (@Mainz05en) June 9, 2020
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони