Поврзете се со нас

Германија

Рашица го налути Дортмунд, „милионерите“ се вратија во трката за ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Борусија Дортмунд се врати во трката за Топ 4 пласман во Бундеслигата или поточно за местата кои водат во Лигата на шампионите во следната натпреварувачка кампања.

„Милионерите“ многу добро ги знаеја резултатите на Волфзбург и Ајнтрахт Франкфурт кои вчера загубија од Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах, па денеска избраниците на Терзиќ максимално ги искористија истите и тоа со славје над Вердер Бремен од 4-1.

Косовскиот интернационалец Рашица погоди за шокантно водство на Вердер во 14 минута, но токму овој момент како дополнително да ги мотивираше домаќините кои до крајот на првиот дел дадоа три гола преку Халанд и Рејна за 3-1.

Потврда на трите бода стави стоперот Хумелс во самиот финиш во 87 минута.

Борусија сега има 49 бода и е на 5. место на табелата. Баерн е прв со 68, Лајпциг втор со 61, Волфзбург има 54, а еден помалку составот на Франкфурт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни