Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд со трик додавање ги збуни сите соиграчи на тренингот на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Играчите на Манчестер Јунајтед веќе извесно време напорно се подготвуваат за рестартот на сезоната, а откако денеска беше објавено дека возбудувањата ќе се реактивираат на 17-ти јуни, ни пристигна еден фантастичен момент од тренингот на „ѓаволите“.

Бруно Фернандеш во последно време се претвори во главна ѕвезда на „Олд Трафорд“, но денеска Португалецот беше една од „жртвите“, односно еден од играчите кои се најдоа во средина за време на шевата.

Маркус Рашфорд дефинитивно имаше големи проблеми на стартот на 2020-та година и беше најавено дека нема да игра до крајот на сезоната, но со оглед на тоа што короанвирусот направи сериозни претумбации, сега тој е редовен член на тренинзите.

Всушност, Маркус се очекува да биде еден од клучните играчи во походот на Јунајтед да дојде до место кое води во Лигата на шампионите, а тоа може да се заклучи и од последниот тренинг.

Фантастичниот напаѓач изведе еден страшен пас без да гледа и го пронајде соиграчот на спротивната страна, потег со кој ги остави без одговор Бруно и сите останати кои беа во средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни