Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд пропуштил тренинг откако заглавил во ноќен клуб, Тен Хаг го правдал со болест

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд предизвика разочарување кај навивачите на Манчестер Јунајтед, пропуштајќи тренинг поради желбата да остане до раните утрински часови во ноќен клуб во Белфаст.

Во целото сценарио се вклучи и клубот кој реши да го правда напаѓачот со наводна болест, но таблоидите дојдоа до видео снимки кои покажуваат дека Рашфорд не стигнал на време „на работа“ само поради приватни причини.

Менаџерот Ерик тен Хаг истакнал дека Рашфорд го пропуштил тренигот во петокот поради болест, клубот го бранел фудбалерот дека тој бил во ноќниот клуб во Белфаст, но еден ден порано, за таблоидите да стигнат до снимки кои покажуваат дека англискиот репрезентативец бил меѓу гостите и во среда и во четврток навечер.

Рашфорд користел приватен авион за да стигне на тренинг во петок наутро, но не успеал да го реализира својот план, за што сигурно ќе добие казна од Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ денеска му гостуваат на Њупорт во ФА купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни