Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд откри за што најмногу жали во својата досегашна кариера

Објавено

на

Маркус Рашфорд е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, а симпатиите од јавноста ги доби и со неговата кампања за бесплатни оброци во школите ширум Англија.

Ваквата кампања која помина одлично беше поздравена и од големито Сер Алекс Фергусон кој го фалеше Рашфорд за неговиот придонес кон обезбедувањето оброк за оние кои немаат.

Сега во интервју за англиските медиуми и Рашфорд го спомна Сер Алекс посочувајќи дека најмногу жали што во кариерата немал можност да работи со „стариот лисец“.

– Јас лично најмногу жалам што немав можност да работам и да играм под водство на Сер Алекс. Тоа е нешто што веројатно нема ни да се случи, но прекрасно е што можам барем да се слушнам со него. Задоволен сум што е запознаен со ситуацијата и што сакаше да помогне во мојата кампања, па тоа беше фантастично, -изјави Рашфорд.

Маркус Рашфорд дебитантскиот настап за Манчестер Јунајтед го имаше под водство на Луи Ван Хал, нешто повеќе од две години по заминувањето на Сер Алекс во пензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни