Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд: Не ми пречат критики, но нема да трпам забелешки на една тема

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд заработи многу критики поради последниот дисциплински испад, а во своето најново интервју тој зборувал на оваа тема, инсистирајќи дека и самиот е свесен за грешките кои ги прави во рамките на фудбалската кариера.

Во ситуација кога фановите на Манчестер Јунајтед очекуваат напаѓачот да биде лидер на екипата, Рашфорд пропушти тренинг затоа што претходната ноќ заглавил во ноќен клуб во Белфаст и не можел да стигне на исполнување на професионалните обврски за конкретниот ден.

– Секогаш ќе реагирам кога некој ќе ја доведе во прашање мојата посветеност кон Манчестер Јунајтед.

– Израснав овде, играм за оваа екипа од мали нозе, моите родители одбија многу пари кога бев дете за да останам во клубот.

– Прифаќам секаква критика, секаков наслов, но немојте да ја доведувате во прашање мојата посветеност кон клубот и љубовта кон фудбалот. Изгледа како некој да чека моја човечка грешка и веднаш да го впери прстот во мене. Јас не сум перфектна личност, кога ќе направам грешка, секогаш сум прв да го вперам прстот во себе и да си кажам дека можам подобро, – рекол Рашфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни