Рашфорд направи споредба меѓу Мурињо и Солскјер

Marcus Rashford

Маркус Рашфорд имаше можност да работи со Жозе Мурињо, а сега соработува со Оле Гунар Солскјер, кој има голема доверба во него.

Во последната изјава направи споредба меѓу двајцата менаџери на Манчестер Јунајтед, потенцирајќи дека Норвежанецот подобро ги разбира фудбалерите.

– Двајцата имаат различен пристап, но мислам дека Оле подобро не разбира надвор од теренот затоа што бил фудбалер.

– Не мислам дека тоа беше проблем за Мурињо, затоа што тој е фантастичен менаџер и има големо искуство во професијата. Но, за мене лично Солскјер има поголемо разбирање за нас фудбалерите во различни ситуации, – потенцира Рашфорд.

Facebook Коментари