Англија
Рашфорд: Многу лаги се кажаа во изминативе недели…
Маркус Рашфорд сигурно е еден од играчите за кого ќе се зборува во овој зимски преоден рок, играч за кој и доста се говореше во изминатиов период откако посочи дека ако е потребно и ќе си замине од Манчестер Јунајтед.
Тој пропушти четири средби за „црвените ѓаволи“ или поточно воопшто не се најде на списокот на менаџерот Рубен Аморим иако е фит и подготвен за да на последниот лигашки меч против Њукасл биде дел од тимот, ама остана на клупата за резерви.
Има многу информации, шпекулации за неговата иднина, па на Маркус му „пукна филмот“ и се реши да се огласи со кратка, ама директна порака.
-Многу лажни приказни се напишани во претходните недели, а оваа последна е многу смешна: не сум се сретнал со ниту еден агент, ниту планирам да го сторам тоа, -истакна напаѓачот.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)