Рашфорд и Јунајтед му го нанесоа првиот пораз на Мурињо, Челси и Лестер сигурни пред своите гледачи (Видео)

rasford-junajted

Екипата на Манчестер Јунајтед славеше над Тотенхем со 2-1 во најинтересниот меч од терминот 20:30 часот во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ одиграа добар натпревар и успеаа да му го нанесат првиот пораз на Жозе Мурињо на тренерската позиција во Тотенхем. Човек на одлука беше Маркус Рашфорд кој беше двоен стрелец, погоди во 6 и 49 минута од пенал откако сам се избори за удар од 11 метри.

На спротивната страна пак мрежата ја затресе Деле Али кој игра како препороден откако Мурињо го презема составот од северен Лондон.

Домашни победи оставрија Лестер и Челси над Вотфорд и Астон Вила. „Лисиците“ во вториот дел го скршија отпорот на „фенерџија“преку Варди и Медисон, додека пак три бода за „сините“ донесоа Абрахам и Маунт.

Останати резултати:

Вулверхемптон-Вест Хем 2-0

Саутемптон-Норич 2-1

Facebook Коментари