Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд испрати прва порака до Јунајтед откако потпиша за Астон Вила (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Маркус Рашфорд стави крај на својот кошмар во Манчестер Јунајтед и сепак реши да реализира трансфер во зимскиот преоден рок, и тоа на 24 часа пред затворање на истиот.

Англискиот репрезентативец реши да замине на позајмица во Астон Вила и потпиша за амбициозниот клуб од Бирмингем, кој во овој момент е во далеку подобра позиција од Манчестер Јунајтед на првенствената табела во Премиер лигата.

Рашфорд си заминува од Јунајтед откако целосно беше изолиран и игнориран од страна на Рубен Аморим, но и покрај тоа, Маркус како дете од академијата има само добри мисли за неговиот омилен клуб.

– Сакам да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што овозможија да се комплетира оваа позајмица. Имав среќа што неколку клубови беа заинтересирани за мене, но Астон Вила беше најлесна одлука.

– Навистина сум восхитен од начинот на кој Астон Вила игра оваа сезона, но восхитен сум и од амбициите на менаџерот. Сакам само да играм фудбал и возбуден сум што ќе стартувам. Им посакувам на сите во Манчестер Јунајтед се најдобро до крајот на сезоната, – гласи пораката на Маркус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни