Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/EmiratesFACup

Астон Вила го одбрани домашниот терен и славеше над Тотенхем со 2-1 во последниот натпревар од денешната програма од 4. рунда во англискиот Лига Куп.

Избраниците на Емери постигнаа по еден гол во двете полувремиња преку Рамзи во 1 и Роџерс во 64 минута, додека пак за гостите реализираше зимското засилување Тел во судиското продолжение (91 минута).

Ова беше дуел на кој за Астон Вила дебитираа Рашфорд и Асенсио, играчи кои беа активни на „Вила Парк“ од 66 минута.

Кога е во прашање пак Тотенхем за нив ова е ново разочараување затоа што во четвртокот беа елиминирани од Лига Купот, сега од ФА Купот, а во ПЛ се дури на 14 позиција на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни