Англија
Рашфорд го прекина молкот откако беше оставен дома од Аморим (Фото)
Маркус Рашфорд во последните години беше играч кој знаеше да биде во центарот на вниманието за време на големото манчестерско дерби, но сега дочека денови кога не доби ниту повик за таков голем натпревар.
Рубен Аморим реши да им одржи лекција на Рашфорд и Гарначо и да ги елиминира двајцата за големото дерби против Сити, па откако менаџерот објасни дека тоа го направил поради лоша исхрана и недоволно добри перформанси на тренинзите, Португалецот мораше да се потпира на други крила.
Амад Диало го украде шоуто во завршницата од дербито и со два клучни потези се погрижи за пресврт на Јунајтед, победа на која сепак се израдува и еден од двајцата изоставени.
До овој момент, Алехандро Гарначо нема никаква реакција за големата дерби победа која ја остварија „ѓаволите“, но Маркус го прекина молкот и испрати порака од својот дом.
– Дааааааа. Го сакам ова момци, – порача Рашфорд, покажувајќи слика од прославата на Диало.
-
Англија8 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија15 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија10 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Италија15 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Англија14 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите
-
НБА13 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)
-
Англија4 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)