Англија
Рашфорд е завршена приказна за Аморим: Нема да ставам играч…

Манчестер Јунајтед го претрпе десеттиот сезонски пораз во Премиер лигата и тоа против Брајтон кој го освои „Олд Трафорд“ со 3-1.
Ова беше уште еден разочарувачки резултат за „црвените ѓаволи“ и тоа во својот дом, но без разлика на тоа менаџерот Рубен Аморим не планира да му даде нова шанса на „отпишаниот“ Маркус Рашфорд.
Рашфорд кој е дете на Јунајтед нема одиграно меч за екипата од 12 декември и соочувањето со Плзен, односно од тогаш само еднаш се најде во комбинација за настап и тоа против Њукасл кога остана на клупата за резерви.
-Тоа е негов избор. Не сакам да се фокусирам на овој лош момент бидејќи на натпреварите што ги загубивме Рашфорд не беше тука. Не сакам да му го ставам овој момент на Рашфорд.
-Рашфорд е надвор од овој момент бидејќи не игра. Без разлика на се, нема да ставам играч за кого не верувам дека е најдобар за тимот, -порача Поругалецот.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)