Поврзете се со нас

Англија

Рашфорд блесна на „Вила парк“ и ги воодушеви сите во новата средина: Веќе е многу важен за нас

Објавено

на

Foto:x.com/AVFCOfficial

Астон Вила направи пресврт против Челси и се избори за важна победа во Бирмингем, триумф во кој значаен удел имаше Маркус Рашфорд.

Големото засилување од Манчестер Јунајтед полека се адаптира по периодот во кој не играше со месеци, а вчера доби 45 минути во кои направи голема разлика на теренот.

Новата „деветка“ на Астон Вила влезе на стартот на вториот дел и беше двоен асистент при двата гола кои ги постигна Марко Асенсио, па со начинот на кој се прилагоди во новата средина почна да ги воодушевува сите околу себе, почнувајќи од менаџерот Унаи Емери, па се до соиграчите.

– Се обидуваме да го вклопиме Рашфорд во нашата тактичка замисла. Тој е во процес на адаптација и одигра фантастични 45 минути. Тој веќе е многу важен за нас, – изјави Емери.

– Сите сме запознаени со квалитетот на Маркус, тој ни помага многу на теренот. Многу сме среќни за него, благодарен сум му за двете асистенции кои ми ги подари, – изјави Асенсио.

– Маркус е некој кој е постојана закана за противникот во ситуации еден на еден, но и во ситуации еден на два. Тој е многу важен за нас, ни носи нешто поинакво на левата страна. Секојпат кога ја имаше топката во своите нозе, носеше опасност за противниците. Со повеќе минути во нозете, тој ќе биде уште подобар, – порача Тилеманс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни