Поврзете се со нас

Формула 1

Расел возеше фантастично, но Ферстапен ја освои пол-позицијата во потопот во Белгија

Објавено

на

Макс Ферстапен ќе стартува прва на утрешната трка за Големата награда на Белгија, откако ова попладне беше најбрз и најумешен во лудите и тешки квалификации на легендарната патека Спа.

Возачот на Ред Бул имаше сериозен предизвик во Џорџ Расел кој возеше спектакуларни квалификации, но на крајот возачот на Вилијамс мораше да се задоволи само со второто најдобро време, иако при крајот беше и прв во поредокот.

Третото место му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон кој се соочуваше со проблеми во текот на целата саботна сесија, па сега ќе мора одново да брка пресврт на утрешната главна трка.

Денешните квалификации се возеа во навистина неповолни услови и небезбедна патека поради силниот дожд, а сето тоа предизвика да видиме и страшен инцидент на Ландо Норис поради кои квалификациите беа прекинати на девет минути пред крајот.

За среќа, Норис мина без последици и квалификациите беа само одложени, но по рестартот го добивме редоследот за утрешната трка. Покрај првите тројца, меѓу првите десет уште се најдоа Рикиардо, Фетел, Гасли, Перез, Ботас, Окон и Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни