Поврзете се со нас

Формула 1

Расел се премисли, ја презема вината и му се извини на Ботас за инцидентот на Имола

Објавено

на

Џорџ Расел вчера му беше лут на Валтери Ботас и го обвини Финецот дека е виновен за големиот инцидент по кој двајцата ги уништија болидите, а трката во Имола мораше да биде прекината.

Но, еден ден подоцна, возачот на Вилијамс ја промени песната и им се извини на сите инволвирани, вклучувајќи го ривалот од тимот на Мерцедес.

– Знаев дека на оваа трка имам големи шанси да освојам поени, па понекогаш мора да преземете ризик кога сте во таква ситуација.

– Не се исплатеше и мора да преземам одговорност за тоа, откако можев да анализирам што се случи, сфатив дека можев да реагирам подобро. Му се извинувам на Валтери, на мојот тим и сите други на кои им влијаеше судирот.

– Научив неколку тешки лекции викендов и ќе се вратам како подобар човек и возач по ова искуство, – изјавил Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни