Поврзете се со нас

Формула 1

Расел режираше неверојатни маневри на стартот во Шпанија, Саинц и Леклер се „закачија“ на Каталуња (Видео)

Објавено

на

Трката за Големата награда на Шпанија донесе навистина голема возбуда во првите неколку круга, во кои видовме контакт и меѓу двајцата возачи на Ферари.

Шоуто на стартот го украде Џорџ Расел кој напредуваше од четвртото до првото место, но сепак тоа не му донесе радост на долг план, бидејќи во вториот круг веќе беше престигнат од Макс Ферстапен.

Најголем губитник на стартот беше Ландо Норис кој падна од првото на третото место, а за доза на контроверзија се погрижија двајцата возачи на Ферари.

Во битката за петтото место, Карлос Саинц воопшто не го поштеди својот тимски колега Шарл Леклер, па со своите реакции двајцата им ги смрзнаа срцата на фановите, но и на  тимските шефови.

По малиот инцидент, двајцата си ја префрлаа вината еден на друг, но засега стјуардите не отворија истрага за оваа ситуација која најверојатно ќе биде архивирана како трчаки инцидент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни