Поврзете се со нас

Формула 1

Расел откри што му порачал на Ботас додека го удираше по кацигата (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен мирно поведе од самиот старт и без поголеми потешкотии го одбрани првото место, но тоа не значи дека трката за Големата награда на Емилија Ромања не беше возбудлива.

Напротив, трката која се возеше на легендарната Имола ни понуди доста престигнувања, а во еден дел, стјуардите мораа да покажат и црвено знаме поради страшниот инцидент кој го имаа Џорџ Расел и Валтери Ботас. Младиот возач на Вилијамс се обидуваше да го мине вториот возач на Мерцедес, но во најбрзиот дел од патеката, ја загуби контролата и се заби во противничкиот болид.

Вистинска среќа е што двајцата возачи минаа без никакви повреди и потешки последици, но затоа видовме невкусни гестикулации и зборови од двајцата за време и по инцидентот.

Расел беше убеден дека Ботас е виновен за инцидентот и го удираше ривалот по кацигата, додека Ботас му покажа среден прст пред да излезе од болидот.

– Кога му се приближив, го прашав дали се обиде да не убие и двајцата. Возиме неверојатно брзо, ова е таков спорт, знаеме какви се условите на патеката и треба да се прилагодиме на тоа. Требаше да биде лесно престигнување, речиси го направив тоа, но тој имаше благо движење во десно, што во вакви врнеживи услови е доволно за тежок инцидент, – порача лутиот Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни