Поврзете се со нас

Формула 1

Расел откри кој тим имал најголем напредок на Ф1 тестирањата

Објавено

на

Џорџ Расел покажа капацитет да се трка за победи кога доби шанса да седне во болидот на Мерцедес поради отсуството на Луис Хамилтон кога беше заболен од Ковид-19, но младиот Англичанец и оваа сезона ќе ја мине со тимот Вилијамс кој има нова сопственичка структура.

Тие и натаму ќе бидат корисници на мотори од Мерцедес, поради што ќе мора да се потрудат да го подигнат нивото за да фатат чекор со останатите екипи како Астон Мартин и Мекларен, кои исто така се корисници на мотори од германската фабрика.

По завршетокот на тестирањата во Бахреин, Расел кој лани го предводеше Вилијамс во напредокот кон повисоки позиции на табелата, даде своја оцена за тоа како како напредувале конкурентите според виденото на тридневните проби.

Голем број од светските медиуми беа фокусирани на Алфа Таури (поранешен Торо Росо), особено поради сензационалните времиња на дебитантот Јуки Цунода, но Расел покажа со прст на екипата Алфа Ромео.

– Кими Раиконен беше многу, многу брз. Морам да му оддадам признание. Иако ќе треба подлабоко да ги разгледам податоците, во моментов мислам дека тие се тимот што е најголемо изненадување. Искрено, не можам да кажам каде сме ние во споредбите, но како што личат нештата на патеката, Кими беше многу брз,- вели Расел.

Пренесувајќи го мислењето на Расел, британскиот Аутопсорт потсетува на зборовите на Антонио Џовинаци, по тестирањето за Алфа Ромео во Бахреин.

– Среќен сум со работата што ја завршивме во Шакир. Иако ова се тестирања, верувам дека првиот впечаток е мошне важен. Иако ветерот ни правеше проблеми, болидот беше стабилен и можеше да се вози со задоволство. Општо, „породувањето“ помина добро и можеме да бидеме задоволни од подготовките за новата сезона. Новите правила за задниот дел од болидот, како и за пневматиците, се обидуваат да ни одземат од перформансите, но морам да кажам дека забележав голем напредок. Предниот дел од болидот е мошне пореспонсивен, особено во секциите каде што се вози бавно, а општо одлично се држи во сите типови на свиоци. Исто така, напредок има и кај моторот. Веднаш го почувствував тоа, без дилема ќе бидеме поблиску до ривалите,- гласи изјавата на возачот што трета сезона во низа ќе вози за Алфа Ромео.

Стартот на сезоната е токму со трката за Големата награда на Бахреин на 28 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни