Поврзете се со нас

Формула 1

Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Џорџ Расел очекувано е лут поради последната изјава на Макс Ферстапен и очигледно е дека оваа вербална војна ќе влијае и на нивните идни дуели во Формула 1 шампионатот.

Светскиот шампион Ферстапен упати остри зборови на адреса на Британецот по трката во Катар и го обвини дека имал директна вина за заработената казна во квалификациите, комплетирајќи го нападот со уште неколку „комплименти“ за членот на Мерцедес.

Новинарите побарале реакција од Расел во пресрет на трката во Абу Даби, а тој не го криел разочарувањето од однесувањето на Ферстапен.

– Не знам зошто му требаше овој личен напад, но нема да ги прифатам неговите зборови. Нема да стојам овде и да слушам како некој ме навредува.

– Го познавам Макс 12 години, го почитував сето ова време, но сега го загубив респектот кон него. Сака да ја направи оваа пресметка лична и некој мора да застане против вакви насилнички потези, – рекол Расел.

Ферстапен пак зборувал со новинарите пред Британецот и потврдил дека нема да ретерира од својот став.

– Не жалам за ништо, се уште го мислам тоа што го кажав. Ако би ја давал изјавата одново, веројатно би бил и пожесток. Се уште не можам да поверувам дека некој може да се однесува така пред стјуардите, никогаш не сум доживеал сцена како таа во собата на стјуардите во Катар, – рекол пилотот на Ред Бул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни