Поврзете се со нас

Формула 1

Расел има големи амбиции: Верувам дека можам да бидам шампион

Објавено

на

Едно од најпријатните изненадувањеа оваа сезона во Формула 1 дефинтивно е Џорџ Расел кој на одличен начин ја стартуваше натпреварувачката година иако Мерцедес се соочуваше со проблеми.

Мерцедес се соочуваше со проблеми при развојот на болидот за оваа сезона во која се воведија нови правила во Формула 1 шампионатот.

Помладиот од двајцата Британци од Мерцедес во досегашниот дел од сезоната е одличен и неочекувано за многумина има 16 поени предност во однос на својот тимски колега, Луис Хамилтон.

Тоа го тера Расел да се надева дека во иднина може повеќе да напредува и еден ден да стане шампион на Формула 1.

– Добро започнав, но сакам да бидам уште подобар. Сакам да се натпреварувам против неверојатни возачи и затоа морам константно да го давам својот максимум, а притоа и да напредувам.

– Потребно е да го глдам Луис, да забележам дали во нешто е подобар од мене. Простор за напредок секако дека постои. Статистиката помага, но секој возач може да почувствува дали треба и може да напредува. Верувам дека можам да бидам шампион во Формула 1.

– Минатата година се чувствував подготвен да се борам за победи, но имав важечки договор со Вилијамс. Нема да се жалам поради тоа што Мерцедес сега не е толку брз затоа што тоа нема да ни помогне. Можам само да се потрудам да ја искористам приликата и да му помогнам на тимот да напредува, -изјави Џорџ Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни