Поврзете се со нас

НБА

Расел блескаше, Динвиди со клучна блокада, Лејкерс го победи Милвоки без ЛеБрон (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Lakers

Д’Анџело Расел издоминира на теренот на дуелот меѓу Л.А Лејкерс и Милвоки и беше најзаслужен што неговиот тим оствари важна победа против една од екипите со најдобар скор во НБА лигата.

Расел го заврши натпреварот со 44 поени, 9 асистенции и 6 скокови, а го постигна и кошот за победа на 5,9 секунди, по кој Бакс не успеаја да погодат за дополнителна драма. Аплаузи од домашните фанови изнуди и Динвиди, кој го блокираше Лилард во последните секунди, односно за шут кој можеше да донесе победа за гостите.

Победата на Лејкерс има уште поголемо значење ако се знае дека домаќините играа без ЛеБрон Џејмс, кој морал да го пропушти дуелот поради повреда.

Дејвис со 22 поени бил втор најдобар реализатор кај Лејкерс, додека во Милвоки, Адетокумбо и Лилард го завршија натпреварот со 34, односно 28 поени.

Филаделфија – Њу Орлеанс 95:103
Вашингтон – Шарлот 112:103
Кливленд – Минесота 113:104
Њујорк – Орландо 98:74
Мемфис – Атланта 92:99
Оклахома – Мајами 107:100
ЛА Лејкерс – Милвоки 123:122
Портланд – Хјустон 107:123

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни