Поврзете се со нас

Олимписки игри

Рапино постигна гол од корнер, Андоновски освои бронзен медал во Токио (Видео)

Објавено

на

Женската фудбалска репрезентација на САД не ја остари посакуваната цел и нема да биде дел од големото финале на Олимписките игри, но затоа девојките на Влатко Андоновски пронајдоа доволно мотивација во бронзениот медал за кој играа ова утро во Токио.

Во мечот за третото место, Америка и Австралија понудија вистински спектакл за неутралните фанови, бидејќи во меч со седум погодоци, видовме и погодок директно од корнер.

Меган Рапино го отвори резултатот со „олимписки гол“ директно од корнер, а потоа го постигна и вториот за Американките откако претходно Кер израмни на 1:1.

Во првото полувреме, во листата на стрелците се запиша и Лојд за предност од 3:1, па четирите гола од првите 45 минути беа добра увертира за она што следеше.

Американките предводени од македонскиот стручњак имаа три гола позитива со вториот погодок на Лојд на стартот на вториот дел, но до крајот, имаше и мала неизвеснот откако фаворитките се опуштија. Форд и Гилник постигнаа два гола за 4:3, но бронзениот медал замина во посед на Американките кои со овој настап ставија крај на настапите на Олимпијадата во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни