Поврзете се со нас

Италија

Раниери жали за една работа: Би ја заменил титулата со Лестер за…

Објавено

на

Foto:twitter.com/CagliariCalcio

Клаудио Раниери замина во пензија по крајот на оваа сезона, поточно реши епизодата со Калјари да биде последна во тренерската кариера.

Тој ја остави подотворена вратата за некој селекторски предизвик кој не би можел да го одбие, но официјално затвори едно поглавје во богатата кариера која дефинитивно најмногу ќе биде запаметена по чудото што го направи со Лестер во сезоната 2015-16 кога сите ги шокираше со освојување на титулата.

-Кога пристигнав, тимот само што обезбеди опстанок во Премиер лигата. Сè што направив е што го сменив формацијата во 4-4-2, ги сменив бековите и го додадов Н’Голо Канте. Тој беше неисцрпниот мотор на тимот, бидејќи притискаше, се бореше силно, туркаше напред, се бранеше. Во еден момент помислив дека може да нафрли и да отиде на другиот крај и да ја удри топката со глава, -се потсетува Раниери кој сепак успехот со „лисиците“ би го заменил за Скудето со Рома.

-Жалам што не го освои Скудетото со мојата Рома. Можам да кажам денес: со задоволство би ја заменил титулата на Лестер со Скудето за Рома, -порача Клаудио за „Кориере Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни