Поврзете се со нас

Италија

Раниери за жестоката реакција на сметка на судијата: Едвај чекаше да му подари пенал на Порто

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери не го криеше незадоволството од главниот судија на вчерашниот дуел меѓу Рома и Порто во Лига Европа, а во контактот со новинарите објаснил зошто им забранил на своите фудбалери да се поздрават со арбитарот.

Германецот Тобијас Штилер ги налути гостите во ремито 1:1, а италијанскиот стручњак смета дека судијата се обидувал на секој начин да му подари победа на ривалот.

– Постојано чекаше да се случи нешто за да им ја подари победата.

– Не ми е јасно како УЕФА може да го делегира овој судија. Зошто одговорниот за делегирање судии, Роберто Росети испратил судија во Порто на чии натпревари гостите стигнале до само девет нерешени резултати, а сите други завршиле со победа на домаќините.

– Одеше наоколу, делеше картони, на дел од играчите им се закануваше со жолт картон и едвај чекаше да се случи нешто во шеснаесетникот за да им подари пенал, – рекол Раниери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни