Поврзете се со нас

Лига Европа

Раниери во невидено издание: Им забрани на играчите на Рома да се поздрават со судијата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери важи за голем фудбалски џентлмен кој ретко кога ги губи нервите во било какви ситуации, но вчера направи исклучок и не можеше да се воздржи на гостувањето на „Драгао“.

Искусниот италијански стручњак почувствува дека главниот судија Тобијас Стилер пристрасно суди во корист на домашниот тим, па откако беше означен крај на мечот (1:1), им забрани на своите фудбалери да одат да се поздрават со Германецот.

Нервозните реакции на Раниери најдобро го отсликаа неговиот бес, а во исто расположение се појавил и во микс-зоната, каде пред италијанските новинари испорачал рафал критики кон германскиот арбитар.

– Нависитна не можам да сфатам како господинот Роберто Розети (УЕФА шеф на судиите) може да испрати ваков судија на натпреварот во Порто. Од вкупно 22 натпревари во Европа, со овој судија гостинските екипи извлекле само девет реми исходи. Се друго се победи на домашните екипи.

– Очигледно е тенденциозното судење во корист на домаќинот, го понесува атмосферата и го носи во правец на домашниот тим. Тој се размавта со картони, како да чекаше да се случи нешто во нашиот шеснаесетник за да им ја даде победата. Затоа моите играчи беа толку бесни, а јас им порачав воопшто да не се поздрават со него. Не заслужи поздрав после тоа што го режираше, – изјавил резигнираниот Раниери.

Видеото погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни