Италија
Раниери: Веќе барам наследник за себе во Рома
Клаудио Раниери пред неколку дена ја запиша првата победа во својот трет мандат во Рома, но искусниот стручњак не планира да застане тука и се надева дека тимот ќе покаже далеку поконстантни резултати како што ќе одминува времето.
Раниери ги подготвува своите момци за натпреварот против Брага во Лига Европа и соопшти дека Кристанте нема да биде во можност да му помогне, а исто така неизвесен за стартната постава е и Пауло Дибала.
Покрај тоа што зборуваше за актуелните проблеми со кои се соочува како тренер, Раниери паралелно работи и на тоа што ќе го чека во иднина, односно директорската функција која ќе ја извршува по крајот на сезоната.
Во периодот кога беше назначен, Рома соопшти дека Раниери ќе има сериозно влијание и во потрагата и бирањето на новиот тренер, па Клаудио сега откри дека овој процес веќе го отпочнал со поважните директори во клубот.
– Работиме на тоа и бараме тренер кој ќе биде навистина добар за нас. Веќе почнав да барам наследник за себе, ќе се обидеме да не направиме грешка и да го донесеме вистинскиот, – откри Раниери.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот