Италија
Раниери тврди дека во Серија А се гради еден од најдобрите тренери во светот: Убеден сум во тоа

Клаудио Раниери успеа да ја препороди Рома и од тим кој беше блиску до опасната зона, сега гледаме екипа која се приближи до местата кои водат во Европа, пресврт за кој дефинитивно најодговорен е искусниот стручњак.
Некогашниот предводник на Лестер го пронајде вистинскиот рецепт на „Олимпико“ и Рома сериозно напредуваше на табелата, па сега е на само два бода од местата кои водат во Европа наредната сезона.
„Волчицата“ не знае за пораз во домашното првенство од 15-ти декември и влезе во фантастична серија на резултати, а вчерашната победа над Монца со резултат 4:0 значи дека Рома во следното коло ќе приближување до 6-то место против тимот од кој го претпре последниот пораз.
Комо е тимот кој последно ја победи Рома во домашното првенство, па во недела за очекување е да се гледа убав фудбал на „Олимпико“.
Раниери ќе се обиде да ја продолжи својата импресивна серија против разиграниот Комо, тим кој е воден од тренер кој Клаудио го смета за најголем потенцијал во Серија А.
– Играчите и здравиот разум се најзаслужи за пресвртот кој го направивме во Серија. Веќе со мислите сме насочени кон тоа што следи, а тоа е натпреварот со Комо. Тие не победија последниот пат, полни се со борбен дух и играат убав фудбал. Фабрегас ќе биде еден од најдобрите тренери во светот и Европа за три или четири години, едноставно убеден сум во тоа, – изјави Раниери.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)