Поврзете се со нас

Италија

Раниери со прва победа на кормилото на Рома (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/OfficialASRoma

Тимот на Рома по подолго време конечно дојде до победа во италијанската Серија А, прва под водство на новиот тренер Клаудио Раниери.

Клубот од Рим славеше над Лече со 4-1 и со тоа ја прекина серијата од четири порази во Калчото. Салемакерс го отвори резултатот во 13 минута, но гостите не се откажаа и возвратија во 40 преку успешно реализираниот пенал на Крстовиќ.

Сепак во вториот дел фаворитот додаде гас и не дозволи ниту едно друго сценариот освен победа, славје кое беше обезбедено со головите на Манчини, Писили и Коне.

„Волчицата“ во следното коло гостува кај Комо што секако е добра можност да се фати ритам и да се освојат нови бодови со кои ќе се искачи повисоко на табелата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни