Поврзете се со нас

Италија

Раниери: Пред нас е многу работа, но…

Објавено

на

foto:x.com/officialasroma

Рома не успеа да оствари позитивен резултат на гостувањето во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ каде беше поразена од домаќинот Наполи со 1-0 со голот кој во второто полувреме го постигна напаѓачот Ромелу Лукаку.

Ова беше деби за искусниот Клаудио Раниери на клупата на „волчицата“, почеток на трет мандат во кој се надева дека ќе успее да ја извлече екипата од криза, односно ќе ја врати на посакуваните патеки. Раниери е свесен за проблемите и слабостите кои ги има неговиот тим, ама е оптимист кога е во прашање играта, резултатите во блиска иднина.

-Ако погледнеме назад, имаме некои проблеми и затоа ме повикаа. Игравме против тим кој се бори да го освои Скудетото. Откако го кажав сето тоа, среќен сум со настапот на моите играчи. Направивме некои грешки за кои ќе зборуваме во текот на неделата, но гладот, решителноста да се вратиме на вистинскиот пат беше тука. Имаме многу работа, но јас се чувствувам позитивно, -рече стратегот кој говореше и за Пауло Дибала и причината поради која доби само неколку минути во соочувањето со лидерот на табелата.

-Го ризикував во последните неколку минути, бидејќи може да извади се од својата магична капа. Тој не чувствуваше никаква болка од вчера, па му реков во ред, може да играш. Мислам дека во текот на неделата треба да биде добро и ќе видиме дали ќе може да игра против Тотенхем во Лондон, -обелодени Раниери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни