Германија
Раниери потврди дека дефанзивец на Рома ќе заврши во германскиот шампион

Клаудио Раниери го подигна нивото во Рома и успеа да ја врати „волчицата“ на прав пат откако го презема првиот тим, но по воведните натпревари во кои ги испитуваше силите, искусниот стручњак веќе има замислено своја стартна постава во која нема место за Марио Ермосо.
Засилувањето од завршницата на летниот преоден рок не се изнаигра во Рома иако дојде како докажен стопер од Атлетико Мадрид, па сега по инсистирање на самиот фудбалер, италијанскиот клуб ќе дозволи негов трансфер уште во јануари.
Како што стојат работите, поранешниот дефанзивец на Атлетико во иднина ќе ги брани боите на актуелниот германски шампион, кој успеал да договори негов ангажман на перманентна база.
Раниери на денешниот прес потврдил дека Ермосо е пред трансфер во Баер Леверкузен, што значи дека Чаби Алонсо ќе добие нов избор во одбраната.
– Денеска ќе одговорам на трансфер прашања само поврзани за Ермосо. Навистина многу ми се допаѓа како играч, но јас го почнав мојот пат во Рома со други специфични фудбалери. Тој е во добра форма, но има потреба цело време да игра. Сака да игра почесто и ја сфаќам неговата одлука да си замине. Заслужува да игра и ќе го добие тоа на друго место, – потврди Раниери.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег