Раниери по само една сезона се раздели со Нант

ranieri-skrsteni

Клаудио Раниери минатото лето се врати во Франција и одлучи да го преземе тимот на Нант, но по само една сезона мината во овој клуб, искусниот италијански стручњак одлучи предвреме и спогодбено да го раскне договорот со водечките луѓе.

Нант имаше навистина добар старт и одлично котираше во првиот дел од сезоната, но лошите резултати во вториот дел донесоа незадоволство меѓу двете страни, кое сега кулминираше со спогодбена и пред се џентлменска разделба.

– Сакам да му се заблагодарам на претседателот што ми дозволи да бидам дел од Нант, што ми дозвоили да бидам повторно дел од француската Лига 1. Сакам да им се заблагодарам и на фановите кои беа фантатични и кои секогаш стоеја зад тимот. Првиот дел од сезоната беше фантастичен, но вториот беше комплициран. Сакам да се заблагодарам на секој го работи во клубот, се надевам дека тимот ќе продолжи да расте наредната сезона со нов тренер, – џентлменски порача Раниери.

Facebook Коментари