Италија
Раниери откри зошто го закова за клупа капитенот на Рома
Клаудио Раниери ја запиша првата победа во својот трет мандат како тренер на Рома, но тоа го направи без да му даде ниту една минута на капитенот на првиот тим.
Лоренцо Пелегрини повторно остана неискористена измена на трет меч во низа и тоа веќе предизвика големи реакции во јавноста, па новинарите се обидоа да дознаат што се случува со искусниот играч за врска.
Со оглед на тоа што Раниери посебно го фалеше Пелегрини по враќањето во Рим, игнорирањето на последните три натпревари предизвика конфузија на чизмата, па искусниот стручњак даде кратко објаснување по убедливата победа која ја оствари Рома над Лече со резултат 4:1.
– Кога се вратив тука го кажав ова, а ќе го кажам повторно. Во мојата кариера работев со двајца извонредни голгетери од средниот ред, а тоа се Лампард и Пелегрини.
– Сепак, фудбалот носи подеми и падови, а Пелегрини минува низ тежок период и чувствува тага во себе. Целиот притисок од Рома падна врз него и тоа не е во ред. Кога ќе го видам како се смее и како игра со леснотија, тогаш ќе го видите повторно на теренот, – изјави Раниери.
-
Светски првенства17 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија17 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија22 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот