Поврзете се со нас

Англија

Раниери откри што ќе ги почести своите фудбалери ако не примат гол од Ливерпул: Пица ќе биде премалку (Видео)

Објавено

на

Клаудио Раниери денеска ја одржа првата прес-конференција како менаџер на Вотфорд, клуб кој уште минатата седмица го назначи искусниот италијански стручњак за нов предводник на тимот кој досега го водеше Шпанецот Чиско.

Раниери се враќа во Премиер лигата и денеска призна дека е воодушевен од проектот на Вотфорд, а како што потенцираше на воведниот прес, негова цел ќе биде да му го донесе потребниот мир на тимот и да се влезе во релаксирана завршница во вториот дел од сезоната.

Вотфорд освои седум бода во првите седум кола, а осмото ќе биде отворено со натпревар против Ливерпул кој ќе влезе како голем фаворит за освојување на трите бода.

– Се чувствувам навистина добро. Се чувствувам одлично што сум назад во Англија. Кога размислувам за фудбал, животот за мене е многу подобар. Фудбалот е мојот живот. Среќен сум што ќе бидам дел од една од најсилните лиги во светот. Јас сум амбициозен и сакам Вотфорд да се подобри и да биде сигурен на крајот од сезоната. Мора да имаме стабилност и мир, се надевам дека ќе ги радуваме навивачите на клубот, – изјави Раниери кој откри што ќе ги почести своите нови фудбалери ако успеат да не примат гол во дуелот против Ливерпул.

Во својата шампионска сезона во Лестер, Раниери после секоја победа ги честеше со пица Шмајхел, Варди, Марез, Канте и останатите, но сега вели дека играчите на Вотфорд ќе добијат уште побогата гозба ако ја сочуваат својата мрежа.

– Овојпат нема да има пица. Ќе купам вечера, ќе честам вечера за сите играчи ако не примиме гол против Ливерпул. Пица ќе биде премалку за такво достигнување, – порача Раниери со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни