Поврзете се со нас

Италија

Раниери не исклучи сензационално сценарио и ги „запали“ фановите на Рома

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери се врати во Рома и ја стави својата пензија во мирување, а тоа го направи во период кога во клубот владее навистина тензична атмосфера после трите откази кои ги заработија тројца тренери во неполна година.

Жозе Мурињо, Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ беа „жртви“ на семејството Фридкин, но и покрај тоа што е запознаен со оваа ситуација, Раниери реши да му подаде рака на клубот кој побара помош во тешки времиња.

– Престанав да бидам тренер пред неколку месеци, имав повеќе понуди изминатите месеци, но сите ги одбив без размислување. Имаше само две опции да се вратам како тренер, само во две сценарија ќе се вратев и го знаев тоа. Тоа се Рома и Калјари, само тие два клуба. Сакав да го гледам фудбалот од друг агол, но судбината ме повика во Рим. На ова гледам како судбина. Во Рома почнав како играч, а очигледно тука ќе завршам како тренер, – изјави Раниери, кој планира да оди од меч во меч со новиот тим.

– Не можам да кажам уште сега што ќе менуваме. Ќе ги менуваме работите постепено. Ќе играме со тројца, со четворица, со петорица во одбрана, но ќе носиме одлуки за тоа од меч за меч. Одиме чекор по чекор, ќе видиме кој е најдобар систем за тимот, – заклучува „стариот лисец“, кој не исклучува и сензационално враќање на Франческо Тоти во Рома како дел од неговиот стручен штаб.

– Не исклучувам ништо. Целта е да се врати тимот на посакувано ниво, а во блиска иднина ќе зборуваме и со Тоти. Ќе видиме дали може да ни подаде рака, тоа е опција која мора да се разгледа. Кога го велам ова, не значи дека Тоти ќе се врати со сигурност, но не ја исклучувам таа опција, – заврши Раниери.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни