Италија
Раниери: Голот му е во крвта, знаев дека Пелегрини ќе има добар натпревар
Рома излезе како победник од градското дерби со Лацио и тоа во меч во кој домаќините двата гола ги постигнаа во период од осум минути од 10 до 18 кога во листата на стрелци се запишаа Лоренцо Пелегрини и Алексис Салемакерс.
Посебно важен беше погодокот на Пелегрини кој мина/минува низ еден тежок период поради притисокот од дел од фановите на „волчицата“, но тој покажа карактер и како вистински лидер, капитен реализираше кога беше потребно и го отвори патот до славје на Рома.
-Пелегрини дојде да разговара со мене вчера и сфатив дека има луда желба да биде капитен на Рома во дербито, -истакна тренерот Клаудио Раниери за „ДАЗН“.
-Едвај чекав да го изрази тоа, бидејќи ние тренерите се обидуваме да ги мотивираме играчите и да бараме повеќе од нив. Му дадов шанса против Милан и му кажав дека не е добар настап, но денеска бев убеден дека ќе биде добар и му кажав дека ќе игра. Голот му е во крвта, тој е еден од најдобрите италијански играчи за врска кога е во прашање постигнувањето голови. Тој не ме замоли да играм, само имав чувство дека неговото расположение е онаму каде што ми требаше, -дополни Раниери кој има перфектен учинок во дерби соочувањата со Лацио.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)